19.11.2019

Еликософт

Компанијата е основана во 1993 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности.
Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи.
Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи.
Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори:
• Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит