19.11.2019

Искон Решенија

Искон Решенија е компанија чија основна дејност е имплементација и одржување на деловни решенија, со главен фокус во доменот на Microsoft Dynamics софтверските платформи и Office 365 алатките за продуктивност. Идејата на која се темели нашата работа е подобрување на функционирањето на компаниите кои се наши клиенти во областа на планирањето и управувањето со сопствените ресурси, релациите со купувачите и контактите, како и зголемување на продуктивноста преку дигитална трансформација.

Основните вредности на нашата компанија се силната посветеност на разбирање на потребите на клиентот, темелната анализа и креативен дизајн и беспрекорниот однос како основа за соработка на долги патеки.

Искон Решенија е директен Microsoft партнер со компетентност за продажба и имплементација на Dynamics NAV со тим кој повеќе од 10 години успешно ја гради Dynamics заедницата во регионот.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит