Avenga Academy (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование, дел од глобалната групација Qinshift и претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар во областите програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и сајбер безбедност, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци.
Постоиме за да го овозможиме најдоброто преку едукативни програми кои ги следат светските трендови, одговарајќи на зголемената побарувачка на професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија.
Суштината на нашето работење е квалитет пред квантитет, a нашиот тим со тимот на ментори работи со цел да обезбеди знаење, поддршка и мотивација во процесот на едукација и понатамошен кариерен развој на секој студент.