26.05.2020

СКЕИЛ ФОКУС ДООЕЛ Скопје

„Скеил Фокус“АД е компанија којашто работи во областа на технологијата, истражувањето и развојот на напредното инженерство. Како основен снабдувач за имплементација на ИТ решенија и консултантски услуги за технологии, компанијата обезбедува технички решенија за многубројни реномирани компании од целиот свет од областа на информатичко-комуникциските технологии, со експертиза во голем број на области. Експертиза која е докажана со работата на над 200 активни проекти и со веќе реализирани 300 проекти за 500 партнери од листата на Forbes 500. Решенијата на Скеил Фокус можеме да кажеме дека се интегрирани во постоечки водечки продукти на познати компнаии во светот на ИКТ технологиите.

Со канцеларии во 6 земји низ светот и со над 1000 вработени во канцелариите во Бугарија, Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Швајцарија и Германија, “Скеил Фокус”, е исклучително брзорастечка компанија, потврдено со извештајот на „Фајненшл Тајмс“ од 2019 година, кој ја вбројува компанијата во 1000-те најбрзорастечки компании во Европа, со повеќе од 100 награди и признанија. Имајќи ја и „Скеил Фокус Академијата“ во нашето портфолио, нашата цел е да ги насочиме и остручиме младите луѓе во сферата на информатичките технологии создавајќи дефицитарни кадри за целата ИТ индустрија.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит