27.02.2023

17-то Годишно Собрание на МАСИТ

Почитувани членови на МАСИТ,

Ве покануваме да присуствувате и да земете активно учество на 17то Годишно Собрание на МАСИТ кое ќе се одржи на 24.03.2023 (петок), од 12:00 часот, во ресторан „Рагуза 360“.

По официјалниот дел на Собранието, Ве покануваме и на неформален дел, во рамки на кој, ќе следи и BBQ забава пропратена со музика од ДЈ Славе, со цел дружба на компаниите членки на МАСИТ и останатите гости и нивно вмрежување.

Graphical user interface

Description automatically generated with low confidence

Пропратните документи ќе бидат соодветно проследени до Вас 10 дена пред одржувањето на Собранието.

*Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од Вашето Друштво. Ве молиме за задолжителна потврда за Ваше присуство со одговор на следниот мејл: petar.lazovski@masit.org.mk.

Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.

Агендата може да ја погледнете тука.

Со цел оптимизирање на времетраењето на седницата и на дискусиите Ве молиме, Вашите евентуални прашања однапред да ги поставите преку електронска пошта на petar.lazovski@masit.org.mk.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит