Ве информираме дека на 29.03.2022 (петок), со почеток во 12:00 часот во М6 Едукативен Центар ќе биде одржано осумнаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје.
Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно.
Пропратните документи ќе бидат соодветно проследени до членовите на МАСИТ 10 дена пред одржувањето на Собранието.
*Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: petar.lazovski@masit.org.mk.
Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.
По официјалниот дел на Собранието ќе следи неформален дел – коктел дружење и вмрежување на компаниите членки на МАСИТ и останатите гости.