12.03.2025

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ

Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно.

Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ.

Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ.

*Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk.

Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит