25.12.2020

20 Години МАСИТ

Славиме и одбележуваме 20 годишен јубилеј на МАСИТ.

20 години, МАСИТ е глас и ресурс на конкурентната ИКТ индустрија. 20 години, МАСИТ ја поддржува и ја унапредува македонската ИКТ индустрија. 20 години, МАСИТ работи на препознатливоста, имиџот и репутацијата на ИКТ индустријата. По повод јубилејот, снимивме видео со вработените во МАСИТ, генерацијата која го одбележува овој голем и значаен јубилеј.

Погледнете го видеото во прилог

По повод, одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од постоењето на МАСИТ, ги поканивме сите Претседатели на МАСИТ низ годините, кои од поблиску ни го дадоа нивното размислување, ги споделија нивните искуства и ни пренесоа за тоа – како е да се биде Претседател на МАСИТ, што претставува МАСИТ за нив, што го прави МАСИТ посебен како комора, како и кои се нивните очекувања во иднина за МАСИТ. Сите овие ценети Претседатели и лидери на МАСИТ, се исклучителни луѓе, професионалци, сопственици, менаџери на ИКТ компании во Македонија, кои дале свој личен придонес, активност, посветеност, анганжман, експертиза, храброст и достојност да бидат на чело на Комората и допринеле за раст и развој, со цел МАСИТ да претставува тоа што е денес. Погледнете го видеото во прилог

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит