28.11.2022

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13ти декември 2022

МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на РСМ, организира настан на тема: „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“, кој ќе се одржи на 13.12.2022 година, во ресторан Ragusa 360 Rooftop.

На настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како истата влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот.

На настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.

Почесен главен спикер на настанот е:

  • г-дин Слободан Ѓиновиќ, основач и директор на ОРИОН Телеком, Србија, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University, Grinnell College, Colorado College, Fletcher school и др.

Во рамки на официјалното обраќање предвидено е обраќање на:

  • г-дин Илија Господинов, претседател на Управен Одбор на МАСИТ
  • H.E. Ms Véronique Hulmann, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ

АГЕНДАТА за настанот може да ја погледнете на следниот линк.

РЕГИСТРАЦИЈА – Регистрацијата на учество се врши преку пополнување на регистрациската форма достапна на следниот линк.

КОТИЗАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА МАСИТ: –  49 евра + ДДВ по лице

Достапни се и групни попусти  за учесниците кои доаѓаат од иста компанија/организација:

– 80 евра + 18% ДДВ за двајца учесници

– 100 евра + 18% ДДВ за тројца учесници

– 25 евра + 18% ДДВ за секој дополнителен учесник доколку има повеќе од 3 учесници

КОТИЗАЦИЈА за не членки на МАСИТ: 80 евра + ДДВ по лице

СТАНЕТЕ ПАРТНЕР НА НАСТАНОТ
Доколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.
*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања.

Лица за контакт:

  • Елена Петрушевска – програм менаџер, +389 75 257 095
    elena.petrushevska@masit.org.mk
  • Петар Лазовски – правен советник, +389 75 240 988
    petar.lazovski@masit.org.mk



Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит