15.12.2022

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13.12.2022

На 13ти декември 2022 се одржа настанот на МАСИТ на кој се зборуваше на темата дигитализација и како таа делува и помага во време на актуелната криза. Беа презентирани иновативни теми, трендови и решенија достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите. На настанот имавме можност да ги слушнеме искуствата на еминентни претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори.

Панелистите во рамки на настанот се осврнаа на главните теми кои беа опфатени, за тоа – дали имаме национален капацитет за брза дигитализација, споделија добри пракси на дигитализација на процеси во насока на оптимизација на трошоци како и градење отпорност на бизнисите во време на криза преку дигитализација и автоматизација.

Им се заблагодаруваме на нашите патрон партнери, поддржувачи и спонзори, кои дополнително го збогатија настанот со своите презентации од областа на дигитализацијата.

Повеќе фотографии од настанот ќе споделиме наскоро на нашите социјални медиуми. Следете не на:
Facebook
Instagram
LinkedIn

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит