16.09.2019

Форум – Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

Бизнис клима за ИКТ индустрија – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

Денес, 16 септември 2019 година, во Битола, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, одржа Форум за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ индустријата. Целта на настанот беше да се презентираат и дискутираат тековните предизвици поврзани со деловната клима за ИКТ секторот и да се идентификуваат потенцијалните мерки во областа на социјалните придонеси, даноците, работната сила и образованието што ќе го стимулираат растот на работната сила во ИКТ.

Bitola_Forum_16.09.2019_2
„МАСИТ активно се справува со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивното секојдневно работење. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на деловната клима за ИКТ секторот и за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ. Се надеваме дека овој настан ќе ги потенцира најважните предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите и ќе придонесе за создавање на конкретни предложени мерки за подобрување на деловната клима за ИКТ компаниите преку поддршка на растот на ИКТ работната сила “, истакна г-ѓа Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ.

Bitola_Forum_16.09.219_3
Проектот презеде активна улога во поддршка на ИКТ секторот преку застапување на повеќе важни барања содржани во позициони документи за бенефиции за вработените при што трошоците на компаниите ќе бидат признати како расходи. Потребно е и наоѓање на решение за барањата за признавање на работа од дома базирано на квалитет и обем на извршена работа, и дефинирање на работа без оглед на бројот на работни часови.
Форумот овозможи голем број на претставници на приватниот сектор да ги дадат своите забелешки, да ги објаснат своите предизвици, како и да дадат придонес за подобри решенија кои ќе бидат застапувани преку јавно-приватниот дијалог. Имено, се разговараше и за можностите за инвестиции во ИКТ образованието што ќе одговара на потребите на приватниот сектор за квалитетна работна сила, зголемување на бројот на студенти на техничките факултети, вложувања во едукативен кадар и поддршка на капацитетите за неформално образование кои придонесуваат во создавање на ИКТ професионалци.
Затоа потребен е системски пристап, заклучија учесниците на Форумот, со промена на повеќе закони од областа на работните односи и даноците, со цел да се овозможи континуиран раст на ИКТ секторот како еден од најважните во домашната економија кој придонесува со отворање на нови работни места, високи примања и извоз на услуги и производи.
Во наредниот период, Проектот ќе работи на дефинирање и решавање на предлозите што произлегоа од овој настан.  Во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија;
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ; Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на малите и средните претпријатија.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит