Со задоволство соопштуваме дека ХАЛКБАНК АД Скопје официјално се придружи како нов патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Оваа соработка е резултат на веќе воспоставените деловни релации и нашата заедничка визија за поддршка и развој на ИКТ секторот во земјата.
Денес (17.10.2024), во просториите на ХАЛКБАНК АД Скопје, се одржа и официјална средба на која претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, г-дин Илија Господинов, се сретна со генералниот директор на Халкбанк АД Скопје, Д-р Билал Суџубаши.
На состанокот разговаравме за идните чекори и иницијативи што ги предвидуваме како дел од ова значајно партнерство.
Ние веруваме дека со зацврстувањето на ова партнерство ќе придонесеме кон дополнителен раст и унапредување на ИКТ индустријата во државата.