Работни односи во ИКТ секторот: легислатива, технолошки предизвици и менаџирање со вработените
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
Клучни цели на средбата се:
Анализа на практичната примена на ЗРО во контекст на ИКТ индустријата;
Отворање на дијалог за дилемите околу флуктуацијата на работните позиции, како резултат на автоматизација и вештачка интелигенција;
Споделување добри практики за дигитализирани HR процеси;
Иницирање дискусија за потребата од секторски пристап во регулирањето на работните односи во ИКТ.
Програмата опфаќа:
Панел дискусии со претставници од Владата, правни експерти, универзитетски професори, HR професионалци и ИКТ компании;
Дискусија во однос на најрелевантните членови од ЗРО кои го засегаат ИКТ секторот;
Прашања околу договорни односи, работа од далечина, бонуси, политики за одмор;
Правни аспекти поврзани со „технолошки вишок“ и употреба на AI во компании;
Практични примери за дигитализирано HR работење;
Заеднички предлог за иницијативи и можности поврзани со предлог – законски измени во контекст на ИКТ индустријата.
Очекуваме значајно учество од членките на МАСИТ, како и конструктивна размена на искуства и предлози за унапредување на регулативата во склад со реалноста на ИКТ пазарот на труд.
📍 Локација: Халк Банка – Дирекција 2 (влез кон Рамстор мол) 🗓️ Датум и време: 28.05.2025, 09:00 – 13:00 часот ⌛ Места се ограничени – регистрирацијата е отворена до 26ти мај 2025 или до пополнување на местата. РЕГИСТРАЦИЈА Настанот е поддржан од ХАЛКБАНК АД како Патрон партнер на МАСИТ и истиот е бесплатен за членките на Комората.