5.12.2024

Интерактивен мастерклас: Клучни вработени – клучен успех

Иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИКТ компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот

Со големо задоволство Ве покануваме да се вклучите на претстојниот интерактивен мастерклас на тема:
„Клучни вработени, клучен успех: – иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИТК компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот.“

Настанот ќе се одржи на 11.12.2024, од 13:00 до 15:00 часот, во просториите на ВФП осигурителен брокер на адреса: бул. Кочо Рацин бр. 3 влез 2, Скопје.

Настанот е наменет за менаџери во ИКТ компании, ХР професионалци, вработени задолжени за стратешко планирање,  тим лидери, раководители на сектори и највисоко раководство во компаниите. Овој мастерклас го организираме во соработка со нашите паторн партнери:
Триглав осигурување живот АД Скопје и Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје.

Не ја пропуштајте оваа одлична прилика за учење од експерти од областа, размена на искуства,
добри практики, како и неформално дружење на нетворкинг коктел овозможен од нашите патрон партнери.

На овој настан ќе имаме можност да ги слушнеме:

  • Блаже Петревски, извршен директор во Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје,
  • Митко Теохаров, соработник во ВФП АД Скопје,
  • Славко Саздовски, експерт за човечки ресурси и обуки, консалтинг Саздовски.

Учеството за членки на МАСИТ е бесплатно и можете да пријавите до тројца претставници од Вашата компанија.
За сите останати учесници, цената е 3000 денари + 18% ДДВ по учесник.
*За тројца учесници од една компанија која не е членка на МАСИТ, овозможуваме 15% попуст.

Регистрацијата е достапна на следниот линк и ќе биде отворена до 09.10.2024  или се до пополнување на отворените места.

РЕГИСТРАЦИЈА

*Доколку се регистрирате, но бидете спречени да учествувате, Ве молиме информирајте не, за да ослободиме место за други заинтересирани учесници.

Ве очекуваме!

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит