Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, склучи ново патрон партнерство со градежната компанија „А плус инжинеринг“ која е дел од тимот кој го претставува проектот КАРЕДО.
КАРЕДО ќе биде првиот вистински и најсовремен бизнис центар во нашиот град, кој се гради според најнови стандарди и кој нуди голем број различни содржини, со широка намена и тоа: за домување, бизнис, спорт, рекреација, градинка и многу повеќе.
Просториите на КАРЕДО ќе бидат модерно опремени со највисока технологија и високо квалитетна опрема, канцелариски простории опремени со сите потребни содржини кои овозможуваат удобност, економичност, продуктивна работна околина, а со тоа и раст на компаниите чие седиште ќе се најде токму тука.
Со својата одлична локација на кејот на реката Вардар во општина Карпош, КАРЕДО нуди лесен пристап до некои од најдобрите скопски удобности. Се наоѓа во близина на Скопје Сити Мол, Супер Тинекс, трите големи болници – Аџибадем Систина, 8 Септември, Поликлиниката Букурешт, бензински пумпи, СЦ Борис Трајковски и Градскиот парк, што го прави совршена дестинација за оние кои бараат премиум начин на живот на погодна локација.
Она што го издвојува КАРЕДО е неговиот фокус на луксуз и удобност со акцент на просторот одвоен за веќе докажани, но и нови, брзорастечки бизниси. Располага со прецизно дизајнирани станбени згради, јавни простори за релаксација со многу зеленило и голем број деловни простори кои задоволуваат различни потреби.
КАРЕДО ќе има се што ви треба на едно место, од ресторани и кафулиња до фитнес центри, спа центри, аптеки, салони за убавина, приватна градинка, како и shuttle bus сервис.
На следниот линк може да разгледате КАТАЛОГ на КАРЕДО , во кој ќе ги откриете сите детали и ќе го разгледате концептот во целост.
Веруваме дека ова патрон партнерство ќе допринесе за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ, како компании од најбрзорастечкиот сектор во земјава.