21.03.2022

Конференција: „Од марш за работнички права до дигитална економија“

На 14ти март 2022 (понеделник) се одржа конференција насловена „Од марш за работнички права до дигитална економија“. Конференцијата беше организирана под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19 кој е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП), а поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID North Macedonia. Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска се обрати на самиот почеток на конференцијата и истакна дека чест е да се биде покровител на конференција со една навистина предизвикувачка тема, особено во овој чувствителен период на пандемија како и воен конфликт. Таа истакна дека „Рамноправното учество на жените на пазарот на трудот, го поттикнуваат економскиот раст и создава вредност за целото општество. Државите со поголема родова избалансираност, многу побрзо и полесно ги пребродуваат економските кризи“ – потенцираше г-ѓа Ѓоргиевска.


Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева, со свој говор се обрати пред публиката во првата панел дискусија. Г-ѓа Пешева упати порака до сите млади девојки и жени, дека само со преку финансиска независност на жените, може да се постигне родова рамноправност во општеството. Во деловниот свет, во ИКТ секторот има голем потенцијал за сите, независно од родот. Таа ги истакна и бројот на жени дипломирани на ИКТ факултетите во земјата, каде евидентно е дека полека но сигурно се зголемува бројот на жени кои сааат да студитаат на овие смерови и се повеќе се доближуваме до некоја приближна бројка на дипломирани жени и мажи на овие факултети. Исто така, Пешева направи одлична дистинкција помеѓу професионално бавење со ИКТ професија и поседување на дигитални вештини, кои што сите ние се стремиме да ги развиваме.


Во рамките на оваа конференција имавме можност да ги слушнеме и уште неколку претприемачки кои раководат со компании кои се членки на МАСИТ, со свои инспиративни обраќања до публиката . На втората панел дискусија ги слушнавме Валентина Тасева од Семос Едукација, Викторија Дранговска од КодеИТ Солушнс, Весна Ивановска од Сивус Едукативен и Развоен Центар, како и други претприемачки кои отворено ги споделија своите видувања и тоа почнувајќи од тоа зошто жените претприемачки може да бидат успешни бизнисменки и со кои се’ предизвици се соочиле во градењето на успешни женски бизниси. Дополнително слушнавме како жените од останатите сектори може да ги оптимизираат сите процеси во своите компании преку користење на дигитални алатки. Чест ни е што во МАСИТ членуваат компании кои на чело имаат успешни дами со инспиративни приказни и уште еднаш се уверивме дека има многу што да се научи од жена – претприемач.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит