Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
На редовното Изборно Собрание беше избран нов Претседател на Собранието на МАСИТ, Илија Господинов, од компанијата Ендава, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот Одбор, Надзорниот Одбор и Судот на честа на Комората.
Членови на Управен одбор на МАСИТ се:
Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се:
Членови на Суд на честа на МАСИТ се:
На конститутивната седница на Управниот одбор на МАСИТ, која се одржа на 15ти мај 2025 година, г. Јордан Димитровски, експерт за развој на бизнис, сопственик и генерален директор на компанијата „Аитоникс“ беше избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ за мандатниот период 2025–2028. Компанијата Аитоникс е високо етаблирана и добро позната во ИКТ индустријата, а оваа година одбележува 25 години успешно работење во Македонија. Веруваме дека изборот на г. Димитровски носи нова енергија, фокус на конкретни резултати и посветеност на јакнењето на улогата на ИКТ секторот во националниот развој.
Во согласност со последните статутарни измени на МАСИТ, функцијата Претседател на Управниот одбор претставува и Претседател на Комората, вклучувајќи ја и улогата на официјален претставник на Комората пред институциите, партнерите и јавноста, што ја позиционира оваа функција како клучна во понатамошното водење и застапување на МАСИТ.
Очекуваме период исполнет со засилена соработка меѓу членовите, проактивна улога на Комората во креирање на политики и конкретни чекори во насока на дигитална трансформација и интернационализација на македонските ИКТ компании.
На новиот Претседател, г. Димитровски му честитаме и му посакуваме успешен, динамичен и инспиративен мандат!