30.11.2023

Meet-up за членки: Измени во Законот за ДДВ

Во соработка со Маранд Консултанти и со поддршка на Академијата на даночни советници, на 28ми ноември 2023 година, реализиравме meet-up за членките на МАСИТ, на тема: „Измени во Законот за ДДВ“

Заедно со клучните креатори, претставници од Министерството за финансии, членките ги дискутираа предизвиците и дилемите поврзани со последните измени на Законот за ДДВ кои директно задираат во клучни сегменти за ИКТ индустријата. Низ многу практични примери се отворија различни дискусии во врска со примената и применливоста, со осврт на новиот третман на оданочување на услугите, односно усогласувањето на компаниското работење со прописите.

МАСИТ во оваа насока ќе продолжи со активности и заложби со цел подобрување на позицијата на ИКТ компаниите.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит