22.01.2021

На CareerHUB регистрирани 24 компании и 80 кандидати

Платформата за поврзување млади професионалци од сферата на дигитални вештини со работодавачи CareerHUB продолжува да создава успешни приказни во сферата на дигиталните вештини. Секојдневно активно се врши регистрација на компании и на кандидати, бројка која достигна до 24 компании и 80 кандидати кои бесплатно ги користат поволностите на оваа платформа.

Истата е изработена во рамки на проектот МладиХаб – Дигитална Младина, финансиран од Британската Амбасада, а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија, во партнерство со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ која има за цел да овозможи поврзување на млади талентирани професионалци кои поседуваат дигитални вештини со работодавачи кои имаат потреба од ангажирање на соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање

Компаниите преку оваа платформа можат да: 

  • Креираат профил на компанијата и да постават оглас за работа
  • Добиваат апликации од кандидати на објавените огласи
  • Пребаруваат кандидати по категории
  • Ги разгледаат профилите на кандидатите и да остварат контакт со нив

Апликантите од друга страна, имаат можност да:

  • Kреираат бесплатен профил во кој ќе ги наведат сите своите знаења и способности,
  • Имаат непречен пристап до активните огласи
  • Во секое време аплицираат на оглас за работа, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање.

За регистрација и за повеќе информации посетете го следниот линк.

Извор: Бизнис Регулатива

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит