2.01.2020

Номинации на МАСИТ за Глобалните ИКТ награди за извонредност на WITSA

Со големо задоволство ве информираме дека 6 компании – членки на МАСИТ ќе бидат номинирани на овогодинешниот избор „Глобални ИКТ награди за извонредност” што ќе се одржи од od 6-9 октомври во Ереван, Ерменија, организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги – WITSA.

WITSA_r1

Компанијата ИВОТЕ е номинирана во категоријата Јавно – приватно партнерство со решението Demokra. Demokra, претставува интегрирана платформа која овозможува детално и сеопфатно управување со сите изборни процеси. Технологијата на Demokra придонела за многу транспарентни изборни резултати во многу земји ширум светот меѓу кој и во нашата земја.

WITSA_r2

Компанијата Asseco SEE е номинирана во категоријата е – Здравство со решението Drug Visor. Drug Visor претставува систем за следење на насекано дејство на лековите. Една од основните карактеристики на системот Drug Visor е дека е изработен согласно последното упатство на Интернационалниот совет за хармонизација, кој ја дефинира структурата на една ICSR пријава и тоа верзија R3 на тоа упатство. Ова упатство е дефекто стандард на една ICSR пријава, според која сите релевантни институции работат. Меѓу нив секако и Европската Медицинска Агенција – ЕМА и Светската Здравствена Организација – СЗО. Основата на оваа стандардизација е информацијата поврзана со нeсаканите реакции на лековите брзо и лесно да може да се размени во електронски формат.

WITSA_r4

Компанијата Aspekt е номинирана во категоријата Дигитални иновации со решението M-Kajy. Мобилната платформа М-Кају обезбедува зголемување на индивидуалната продуктивност на вработените како и сервисирање на клиентите поефикасно, онлајн без интернет конекција. Оваа мобилна платформа нуди кориснички-ориентирана околина која овозможува брз пристап до финансии на најранливите групи на луѓе и дигитализирање на процесот на интерконекција со надворешен систем за плаќање, со обработка на трансакции во реално време. Платформата обезбедува 10 пати подобро искуство на клиентите преку оперативна централизација и погодност на мобилните сервиси.

WITSA_r5

Компанијата Elicosoft е номинирана во категоријата Дигитални иновации, со решението Smart inventory (SI). Ова решение претставува модерна и инвентивна web апликација, единствена на пазарот од овој вид за задоловување на потребите пред се на дистрибутивните компании, и управување со складиштата во рамки на компанијата. Истото, нуди заштеда на време, финансии, прецизно планирање на сите активности и контрола на целиот процес во работењето, намалување на повторен внес на податоци, контрола на внесените податоци и систем на нотификација – потсетници за одредени активности.

WITSA_r6

Компанијата Bransys е номинирана во категоријата Дигитални иновации со решението EZtoTrack – Asset Management Solution. Ова решение служи за менаџирање и контрола на assets – средства во возен парк, како што се контејнери, приколки, шасии и сл. Ова решение   е иновација со која се овозможува следење на средствата кај еден возен парк по пристапни цени. Целта на ова решение е да се овозможи исплатлива услуга за крајните корисници, која драстично би им ги намалила оперативните трошоци од работењето на флотата возила и би ја подобрила продуктивноста на работењето на целиот возен парк.

WITSA_r7

Компанијата Inplayer е номинирана во категоријата Дигитални иновации со решението Paywall. Paywall претставува алатка за монетизација на дигитални содржини, вклучувајќи видеа, преноси во живо, аудио содржини и слично. Истата, им овозможува на сопствениците на дигитална содржина на лесен и едноставен начин да реализираат добивка од истите, овозможувајќи им да се пласираат на глобален пазар без разлика каде се наоѓаат крајните корисници.

Изборот “Глобални ИКТ награди за извонредност” организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги – WITSA се одржува на секои две години каде се доделуваат наградите со цел да се даде признание на компаниите и организациите за ИТ достигнувањата на глобално ниво.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит