Отворена работна позиција во МАСИТ – Координатор за членство
/ Проектен координатор
Стопанската комора за информатички и комуникациски
технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ Координатор за
членство / Проектен координатор “.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома;
- 5 + искуство во работа во слични организации
како МАСИТ како што се: Невладини организации, здруженија, асоцијации,
стопански комори, јавни институции и агенции; меѓународни проекти итн.
- Одлични писмени и вербални комуникациски
вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлични компјутерски вештини (MS Office,
социјални медиуми, друг/финансиски софтвер);
Вештини и способности:
- Управување со база на податоци за членство и
активно работење на стратегија за нови потенцијални членови и поддржувачи на
комората.
- Подготовка на промотивни материјали и брошури за
стекнување на нови членови.
- Обезбедување на корисни информации во доменот на
ИКТ индустријата, развој на услуги и организација на настани во корист на членките
на МАСИТ.
- Обезбедува информации и поддршка на работните
групи и тела на МАСИТ со цел давање на професионална помош во постигнувањето на
нивните цели.
- Дизајнирање и спроведување анкети за разбирање
на потребите на членовите, помагање во иницијативите за односи со членовите и
следење на нови трендови во индустријата кои можат да влијаат на унапредување и
развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
- Идентификување и креирање дополнителна
веб-содржина и newsletter кои ќе се сметаат за вредни и корисни за членството
на МАСИТ со цел овозможување на пристап до информации, едукација, правни
совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно
ниво
- Координирање на активностите и иницијативите во
доменот на работната позиција.
- Помош при пишување на меѓународни проекти,
буџетирање на проекти, имплементација и извршување на проект.
- Поддршка
на програмскиот менаџер во извршувањето на проектите.
- Други
услуги и поддршка на членките на МАСИТ секогаш кога е потребно.
Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00
часот пон-пет (40 часа неделно)
Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV
до contact@masit.org.mk најдоцна до 22.08.2022
(понеделник) до 13:00 часот.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.