16.11.2023

Подигнување на свеста за потреба од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората

МАСИТ како водечки партнер, започнува со спроведување на активности во рамки на проектот „Подигнување на свеста за потреба од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“, поддржан од страна на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Целта на овој проект е преку низа активности, МАСИТ да им овозможи на своите компании членки соодветна едукација во поглед на придобивките од Intellectual Property Rights (IPR), согледување на најновите современи дилеми наспроти традиционалните поими, овозможување на практична помош и имплементација од страна на комората МАСИТ за заштита на интелектуални права за компании-членки на МАСИТ, преку иницијална прaвна помош и понатамошно насочување.

Преку овој проект, сакаме да овозможиме одблизу членките да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, со интенција да ги поддржиме како компании-членки во донесувањето разумни одлуки преку континуирано работење на подигање на свеста и помош во деловното работење, со крајна цел воспоставување на нова услуга во Комората кон компаниите членки на МАСИТ за постојана правна помош за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост.

Овој проект го започнуваме со првата едукативно промотивна работилница која е бесплатна за членките на МАСИТ. Во следниот период ќе следат уште две тематски работилници на темата.

Работилницата ќе се одржи на 22.11.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот во просториите на нашиот патрон партнер Delight Office Solutions ул. Максим Горки 13 во Настел Бизнис Центар – прв кат. Местата се ограничени, обезбедете го своето место со регистрација најдоцна до 21.11.2023 (вторник) на следниот линк.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од овој настан на кој ќе дознаеме одговори на прашања кои се поврзани со интелектуалната и индустриската сопственост во комбинација со авторски права како резултат на најновите трендови во ИТ, особено вештачката интелегенција и роботиката.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит