6.07.2022

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и АУЕ-ФОН

МАСИТ и American University of Europe – FON како придружен член на комората го потпишаа Меморандумот за соработка со цел воспоставување на корисни академски врски, релации и соработка на полето на кариерите и вработувањата, како и взаемна соработка на полето на испитување на пазарот на работна сила за дипломците по информатички технологии (ИТ) од Факултетот.

Меѓусебната соработка се темели на зголемување на конкурентноста преку градење на капацитетите и квалификација на човечки ресурси во областа на информатиката.

За МАСИТ овој Меморандум претставува официјализирање на досегашната успешна соработка со American University of Europe – FON како и можност за нејзино продлабочување. Во периодот кој ни претстои, очекуваме заеднички значително да придонесеме во поттикнување на иновациската дејност и технолошкиот развој во доменот на ИКТ секторот.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит