26.10.2020

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Министерството за информатичко општество и администрација

МАСИТ заедно со МИОА го потпишаа меморандумот за соработка во насока на афирмација на областите од заеднички интерес, реализација на заеднички активности и други форми на меѓусебна соработка.

Овој меморандум има за цел да обезбеди соработка помеѓу МАСИТ и МИОА со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката и ИКТ.

Посебен акцент во меморандумот е ставен на:

  • Меѓусебна консултација во сите процеси на донесување на стратегии, закони, подзаконски акти и други акти кои се од значење за остварување на целите на ИКТ индустријата во Република С. Македонија
  • Подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите
  • Подигање на нивото на дигитална писменост кај граѓаните преку организирање на обуки
  • Унапредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации
  • Поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит