Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, претставувана од г-ѓа Анета Антова Пешева и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, на ден 5.3.2021г. потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
Целта на овој Меморандум е воспоставување на соработка меѓу Универзитетот и Комората, која како доминантен претставник на интересите на ИКТ индустријата во земјата, ги застапува и штити интересите на стопанските субјекти кои работат во областа на информатичката и комуникациската технологија и го унапредува квалитетот на услугите и кадрите во ИКТ индустријата, вклучително и подигање на стандардите за квалитетно образовно ниво на ИКТ кадрите.
Меѓу другото оваа соработка ќе се темели на заложбата за осовременување и динамично менување на методологијата на наставниот процес на техничките факултети соодветно на најновите ИКТ технологии. Во рамките на соработката се предвидува и гостување на претставници на Комората и нејзини членки на сите факултети и институти во состав на Универзитетот, а се со цел за:
Притоа Универзитетот и Комората се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка, со цел осовременување и имплементација на заедничките активности и разменување мислења во врска со остварување на утврдените цели.