Ве информираме дека МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, во рамки на проектот “Патека за дигитализација” финансиран од УСАИД проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, објавува повик за поддршка за креирање на персонализирани стратегии за дигитална трансформација за компании кои работат во следните сектори:
Проектот ќе обезбеди стручна помош од искусен консултант, кој ќе ги поддржи компаниите ефикасно да ги идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои им се потребни и кои потенцијално би имале најголем допринос за подобрување на деловното работење на компанијата. Креирањето на персонализарана дигитална стратегија има за цел да ги анализира тековните деловни процеси и да ги разбере потребите, проблемите и предизвиците на компанијата, врз основа на кои ќе бидат разработени детални препораки за имплементација на ИТ решенија со цел да се подобрат деловните операции на компанијата, со цел поефикасно и поефективно работење и намалување на трошоците во нивното секојдневно работење.
Што може да очекуваат пријавените компании?
Рокот за апликации е најдоцна до 9.10.2020. Заинтересираните компании е потребно да го пратат пополнет образецот за изразување на интерес, заедно со копија од Тековна состојба издадена од Централен регистар на следната емејл адреса: elena.petrushevska@masit.org.mk, контакт лице: Елена Петрушевска.
Сите детални информации околу повикот, можете да ги прочитате во целосниот ПОВИК.