Со големо задоволство ве информираме дека до нас стигна повикот за овогодишнешните WITSA награди „2023 WITSA Global Innovation & Tech Excellence Awards“ што ќе бидат доделени во рамки на Светскиот конгрес на иновации и технологии (WCIT 2023) . Ова е одлична можност за компаниите да добијат признание и да бидат препознаени за своите иновативни и влијателни достигнувања, производи, услуги или решенија!
Во рамките на своите активности, за изборот на 2023 WITSA Global Innovation & Tech Excellence Awards, МАСИТ повторно Ве повикува да номинирате ваши иновативни решенија кои сметате дека се исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2023 година.
Во продолжение се темите за кои може да номинирате ваше решение:
Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во нашата земја. Учеството за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки компании изнесува 50 евра + ДДВ.
Напомена: Претходно номинираните решенија е дозволено да се пријават повторно, под услов информациите за самото решение да бидат соодветно ажурирани.
МАСИТ има право да номинира до три решенија од иста категорија. Доколку имаме номинации за повеќе од три решенија во иста категорија, МАСИТ ќе организира комисија за избор на најдобри три од понудените, кои ќе бидат номинирани до WITSA.
Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: sofija.zatarakovska@masit.org.mk најдоцна до 15.06.2023 година. Крајниот рок за номинација на решенијата од страна на МАСИТ до WITSA e 07.07.2023 година. МАСИТ има право да номинира до три номинирани решенија во секоја од категориите кои се објавени погоре.
Потребни документи за аплицирање:
Ги повикуваме и ги охрабруваме сите компании членки на МАСИТ, да се пријават на повикот, преку кој ќе имате можност, покрај за вас како компанија, да им дадете признание и на вашите клиенти што го користат вашето решение.
За сите останати детали околу самото презентирање, оценување и рангирање на добиените номинирани решенија, ќе бидете дополнително информирани во периодот што следи. Стоиме на располагање за сите дополнителни прашања и ги очекуваме вашите номинации.