16.09.2022

Праведен, ефикасен и транспарентен даночен систем за раст и развој на ИКТ индустријата во Република Северна Македонија

Тркалезна маса

МАСИТ во соработка со Министерството за финансии, ќе организира тркалезна маса на тема „Праведен, ефикасен и транспарентен даночен систем за раст и развој на ИКТ индустријата во Република Северна Македонија“

Настанот ќе се одржи во просториите на Сеавус акцелератор (Seavus Accelerator) на 21 септември 2022, (среда),  со почеток во 11:00 часот.

Овој настан е организиран на барање на компаниите членки, кои до Комората ги доставија своите видувања и коментари, на база на предложените даночни измени од Министерството за финансии, кои се планирани да се воведат од 01.01.2023 година.

Од страна на Министерството за финансии, на тркалезната маса, ќе учествува г-ѓа Александра Наќева-Ружин, посебен советник на министерот на финансии, која ќе ги претстави планираните даночни измени, од страна на МАСИТ ќе следи презентација на сублимираните забелешки дадени од членките по однос на даночните реформи, по што ќе следи отворена дискусија со прашања и одговори и споделување на мислења по однос на темата.

АГЕНДА

ДАНОЧНИ РЕФОРМИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Сите компании членки на МАСИТ, кои имаат интерес да учествуваат на тркалезната маса, да се пријават на следниот ЛИНК, најдоцна до вторник 20.09.2022 година.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит