На покана на претседателот на државата Стево Пендаровски, МАСИТ за своите компании членки и патрон партнери реализираше предновогодишно дружење и средба во вила Водно. Во рамки на овој настан, претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Илија Господинов ја истакна важноста на ИКТ индустријата како стратешка гранка за просперитет на македонската економија и уште еднаш ги потенцираше економските индикатори кои јасно го прикажуваат извонредниот раст и напредок на оваа индустријата.
На оваа средба исто така беа презентирани и предлозите на МАСИТ за понатамошен развој на индустријата со цел подобро справување со предизвиците кои ги имаат ИКТ компаниите. Упатуваме голема благодарност до претседателот Пендаровски за соработката и одличниот прием на компаниите членки на МАСИТ, како и на сите присутни на овој настан.