Законот за заштита на личните податоци стапи во сила на 25.2.2020 година, а преку прирачникот компаниите имаат можност да се запознаат со практичната имплементација на обврските кои се дел од Законот за заштита на личните податоци базирани на европските практики. Законот определува во кои случаи може да се обработуваат лични податоци и кои принципи мора да се почитуваат при тој процес и исто така ја промовира обврската на отчетност, односно обврска на компаниите да може да ја докажат својата усогласеност со законот.
Во продолжение можете да го превземете прирачникот за заштита на лични податоци.