Со задоволство ве информираме дека МАСИТ и ПроKредит Бaнка и во следниот период ја продолжуваат соработката во делот на патрон партнерството. Горди сме што во изминатиот период преку взаемната соработка придонесовме кон подобрување на условите за раст и развој на ИКТ индустријата. Преку продолжувањето на ова партнерство, ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7.
Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот. За повеќе информации посетете ја веб страната на ПроKредит Бaнка https://pcb.mk/ .