Со задоволство ве информираме дека ПроКредит Банка стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје. Патрон партнерството произлезе како резултат на изминатата повеќегодишната соработка во која ПроКредит и МАСИТ успешно соработуваа на различни теми поврзани со ИКТ индустријата а со намера продолжување и продлабочување на заедничката соработка во претстојниот период.
Преку ова партнерство, во претстојната година ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална Банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7.
Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот.
За компаниите и вработените ИКТ секторот ПроКредит ги нуди следните поволности и услуги:
Во годината која претстои Прокредит преку соработката со МАСИТ и ИКТ компаниите ќе работи на нови продукти соодветни исклучиво за компаниите од ИКТ секторот а за сите кои сакаат подетално да се информираат за услугите на банката на располагање е контакт лице за клиенти од ИКТ секторот: Милан Дамчевски, ПроКредит Банка – 070/353-894, Milan.Damcevski@procredit-group.com .