ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
Програмата е структурирана од пет клучни модули, кои ќе се реализираат во соработка со експерти од Alphabet Group, консултантска компанија со долгогодишно искуство во развојот на малите бизниси. Темите што ќе се обработуваат се:
✔ Интерно претприемништво
✔ Комуникациски вештини и “Growth mindset”
✔ Разбирање на финансиски концепти
✔ Дигитална трансформација
✔ Продажба за мали бизниси
📅 Период на реализација: Април – Октомври 2025 (секој модул е еднодневна работилница)
📍 Локација: Скопје, Централна Управа на ПроКредит Банка
🎯 Кој може да учествува? Сопственици и управители на микро и мали бизниси со најмалку една година оперативно искуство
🆓 Учество: Бесплатно, со лимитиран број на места. Во процесот на селекција на учесниците, Банката ќе направи квалитативна анализа на апликациите и ќе го земе предвид диверзитетот на групата од аспект на индустрија, степен на развој на бизнисот, пол и возраст.
⏳ Аплицирајте до 30 март 2025 и станете дел од мрежата на мотивирани претприемачи кои се подготвени за следниот чекор во својот развој. Дознајте повеќе и пријавете се на следниот линк.