Ја најавуваме следната работилница во организација на МАСИТ во соработка со „Адвокатска канцеларија Најденовски“ како долгогодишен соработник на Комората, која за ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на тема:
„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПРАВОТО – Предизвици, опасности, перспективи“
Галопирачка брзина на масовно производство и употреба на вештачката интелигенција и роботиката наеднаш наметна лавина дилеми, отвори огромен број на прашања за регулирање на нејзиното генерирање, употреба, реални влијанија, но и правни последици. Светот започнува трка за нормирање на вештачката интелигенција во обид за превенирање на хаотични несакани последици.
Оваа работилница е наменета за правниците и HR професионалците во ИКТ друштвата и адвокатите и правните консултанти кои се занимаваат со правото во ИКТ.
Целта е за прв пат во Македонија, најзасегнатите лица да слушнат појаснување и дефинирање на тоа што се’ се подразбира под поимот вештачка интелегенција и роботика, за да може во иднина соодветно да се дискутира нормативата и нормативните задачи поврзани со производството, продажбата и примената на вештачката интелигенција. Оваа работилница ќе биде прв чекор во континуиран процес на неформална едукација на правните професионалци низ специфични правни аспекти поврзани со вештачката интелигенција и пред се’ нивно приоритизирање.
Место на одржување: НЕТАВИЛ АМФИТЕАТАР – локација
Цена за учество:
На учесниците на работилницата ќе им се издаде Сертификат за учество на првата работолница во Македонија на тема „ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПРАВОТО“
Местата се
ограничени и ќе бидат пополнети по принцип – прв регистриран – прв услужен.
Регистрацијата е достапна на следниот линк.
По успешна регистрација ќе добиете мејл за потврда, а дополнително ќе ви доставиме и про-фактура која треба да биде платена најдоцна до 07.06.2023 (среда).