13.12.2021

Работна средба на МАСИТ со Деканот на ФЕИТ Проф. д-р Димитар Ташковски

На 10ти декември 2021, претседателката на МАСИТ Анета Антова Пешева заедно со извршната директорка на МАСИТ Анита Никова остварија работна средба со деканот на ФЕИТ, Проф. Др. Димитар Ташковски на која разговараа за подигнување на нивото на соработка помеѓу приватниот сектор и Академијата, преку трансфер на знаења, технологии и иновации.

Во тесна соработка помеѓу МАСИТ и INNOFEIT ќе биде развивана мрежата за воспоставување на екосистем во склоп на кој млади компании ќе имаат можност да ги тестираат своите иновации и истите ќе имаат можност да ги носат кон следната фаза на комерцијализација.

Сето ова ќе биде реализирано во склоп на првиот македонски Digital Innovation Hub (DIH) етаблиран од страна на ФЕИТ. Првиот информативен настан, ќе следи наскоро.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит