19.07.2024

19та годишна конференција на МАСИТ – 29.10.2024 и 30.10.2024 🚀

Со голема чест и задоволство би сакале да ви ја најавиме традиционалната, годишна конференција на МАСИТ, која оваа година се одржува по 19-ти пат. Очекувајте висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI). 

Оваа година, во два дена ќе ги здружиме повторно сите клучни засегнати страни и ќе имаме можност да дискутираме и научиме повеќе за трендовите кои го движат светот напред, да дознаеме до каде е Македонија на тој пат и кои се следните чекори кои треба да се превземат за да не доцниме зад останатите земји.

Побрзајте и нарачајте ги Вашите билети по специјала Early bird цена, преку веб страната на конференцијата: www.masitconference.mk каде може да ја разгледате програмата, говорниците и можностите за Ваше вклучување.

29.10.2024 – „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“ –  официјален ден на годишната конференција на МАСИТ и

30.10.2024 – „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ – во соработка со Адвокатска Канцеларија Најденовски, ко-организатор на настанот за вториот ден.

📍 хотел АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Се надеваме дека ќе уживате во програмата на овогодишната конференција!

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит