1.04.2024

Се одржа 18-тото Годишно Собрание на МАСИТ

На 29.03.2024 се одржа осумнаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Собранието е највисок орган на комората и го сочинуваат сите компании членки на МАСИТ.

За време на седницата на собранието на МАСИТ, присутните беа информирани детално во врска со активностите кои комората ги реализираше во изминатата 2023 година. Исто така, Собранието ги усвои и идните планови и активности на комората за претстојната 2024 година.

Им благодариме на сите компании членки за активното учество и придонес во работата на комората и продолжуваме заеднички да работиме во насока на поддршка на растот и развојот на ИКТ секторот.

Целиот албум со фотографии од 18-тото Годишно Собрание може да го погледнете на нашата Facebook страница.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит