На 29 и 30 октомври 2024 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ја реализираше својата традиционална годишна конференција по 19-ти пат. Два дена исполнети со врвни говорници, панелисти, дискусии, публика од различни сфери и многу вмрежување.
29.10.2024 – „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“
Првиот ден од конференцијата, 29 октомври, беше посветен на контроверзното прашање за балансот помеѓу вештачката интелигенција (ВИ) и традиционалната работна сила. Во серија панел дискусии и презентации, присутните имаа можност да слушнат искуства и видувања од реномирани предавачи и панелисти од различни индустрии. Темите вклучуваа примена на ВИ во бизнисот, работните позиции кои најмногу се под влијание на автоматизацијата, како и начините на кои компаниите, менаџерите и вработените можат да се адаптираат и да ја искористат ВИ како алатка за иновации.
Конференцијата беше отворена од страна на Претседателката на Собранието на МАСИТ, г-а Анета Пешева, Министерот за дигитална трансформација, г-н Стефан Андоновски и Директорот на канцеларијата за економски раст на УСАИД, г-н Тимоти Онг.
Компанијата Вектор 8 беше еден од официјалните поддржувачи на првиот ден и овозможи да слушнеме врвни професионалци како главни почесни говорници. Кристоф Томен и Кетрин Ф. Симон ја акцентираа соработката помеѓу луѓето и машините, едукацијата на талентите и нивната адаптација како клучни поенти за ефективна примена на вештачката интелигенција.
Првата панел сесија на конференцијата беше посветена на јавно-приватниот дијалот. Имавме значајни говорници кои привлекоа големо внимание во оваа дискусија што ја предводеше г-а Весна Иваноска, директор на Qinshift Academy и заменик претседател на Управниот одбор на МАСИТ.
На панелот учествуваа проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, г. Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик министер за дигитална трансформација, г. Илија Господинов, претседател на Управниот одбор на МАСИТ и г. Небојша Мојсоски, директор на активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities (YACO), а имавме можност да ги слушнеме како заедно ги разгледуваат можностите за унапредување на механизмите со кои се создаваат вредности за општеството преку вакви партнерства.
Проф. д-р Анис Сефиданис, познат иноватор и креатор на првиот хуманоиден робот во регионот, остави голем впечаток на присутните гости со својата презентација.
Исто така, на панел сесијата: „ВИ: закана или можност за работните места?“ која ја водеше г-а Дина Ивановиќ, Site and Recruitment Lead од Proxiad SEE, разговаравме за тоа – кои предности вештачката интелигенција ги создава на пазарот на труд и кои работни позиции се најмногу изложени на ризик? Професионалци од областа дадоа одговор и за тоа кои вештини се препорачува да бидат насока за идните студенти и кои алатки во мометнот најмногу се користат и во ИТ компаниите. На оваа сесија, слушнавме претставници од овогодинешните сребрени спонзори, и тоа:
Едукацијата беше една од темите која се провлекуваше во текот на целиот конференциски ден. Токму на темата за премостување на јазот во вештини – обучување на работната сила на иднината, имавме експертски панел со искусни еминентни говорници:
Сесија беше под покровителство на овогодинешниот златен спонзор на конференцијата- Qinshift Academy.
На конференцијата се реализираше дискусија на уште една многу значајна тема: „Управување засилено со вештачка интелигенција – Редефинирање на менаџерските улоги“. Оваа панел сесија ја водеше г.Дамјан Манчевски, Директор за стратешки клиенти и генерален менаџер за Балканот во MAK-SYSTEM International Group.
На панелот учествуваа:
Имавме можност да слушнеме плодна дискусија за менаџерскиот аспект на вештачката интелигенција, со посебен акцент на редефинирањето на менаџерските улоги во контекст на модерните технологии. Панелистите разговараа како вештачката интелигенција може да ги промени традиционалните менаџерски практики, да ја подобри ефикасноста на одлуките и да овозможи иновативни пристапи во управувањето на тимовите и ресурсите.
Дискусијата вклучуваше примери од практиката, анализирајќи предностите и предизвиците кои произлегуваат од интеграцијата на вештачката интелигенција во менаџментот. Учесниците активно споделуваа идеи за тоа како технологијата може да влијае на идниот развој на управувањето и на новите стратегии во менаџментот. Дискусијата особено динамична и корисна за сите присутни.
Практичен удел на експертиза и знаење, како и регионална перспектива и употреба на вештачката интелигенција во агробизнисот и туризмот беше во фокусот на панелот „Иновации водени од вештачката интелигенција – поместување натрадиционалните бизнис модели“, модериран од г. Горан Дамовски, Тим лидер на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, која го овозможи овој регионален преглед.
Водечкиот Институт за истражување и развој за информатички технологии на биосистемите и пионер во дигиталната трансформација на земјоделството, BioSense Србија, претставен од г-а Милица Трајковиќ, раководител на Одделот за иновации и развој на бизнисот, ја истакна имплементацијата на системот за идентификација на земјишни парцели LPIS во Србија. г-а Трајковиќ истакна дека „Со собирање на теренски податоци и користење на вештачка интелигенција со 99% прецизност за LPIS, Србија има референтна база на податоци за своите земјоделски парцели. На овој начин може да се лоцира целото подобно земјоделско земјиште содржано во референтните парцели и лесно да се пресмета максималната подобна површина“
Г-н Милан Баниќ, вонреден професор на Машинскиот универзитет во Ниш, го претстави AgAR – земјоделски автономен робот. Опремен со софтвер за далечинско управување, предефинирано движење на патеката и автономна навигација со сензори за избегнување пречки, AgAR е идеално земјоделско помагало. „Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект помеѓу ИКТ компанија и технички факултет. Ова е одличен модел кој покажува како академијата и индустријата можат ефективно да соработуваат.“ Г-н Баниќ нагласи дека АГАР има за цел да го зголеми земјоделското производство и да ги намали оперативните трошоци, таргетирајќи ги средните и поголемите производители. Сепак, тој го истакна предизвикот да се убедат земјоделците да прифатат нови технологии.
г-н Срѓан Крчо, извршен директор на DunavNET, говореше за широката употреба на ВИ во различни индустрии. „75% од луѓето веќе користат вештачка интелигенција на работа, а 46% од нив почнаа да ја користат пред помалку од шест месеци“. Неговата компанија работи на решенија за IoT во земјоделството, туризмот и другите сектори. Еден значаен проект е Островот Бисер во Доха, Катар, каде што вештачката интелигенција го трансформираше центарот за поддршка на корисници во чет-бот со интегрирање на разговорите на WhatsApp со нивната апликација, Microsoft Azure и LLM, генерирајќи одговори на англиски и арапски.
Понатаму во рамки на првиот конференциски ден, имавме прилика и во живо да поразговараме со дигитален клон. Благодарение на компанијата FinqUP и нејзиниот основач г-н Диме Галапчев, ги истраживме моќта и опасностите што ги носи вештачката интелигенција.
За трендовите и можностите за финансирање на AI решенија од развојни програми и венчр фондови во Југоисточна Европа и во врска со актуелните инвестиции и стратегиите на венчр фондовите во регионот, разговаравме на последната панел сесија, поддржана од Стартап Македонија.
Г-н Игор Маџов, експерт за инвестиции во Nest Advisors/Стартап Македонија ја модерираше оваа сесија, а за тоа каков е потенцијалот на вештачката интелигенција за развој на нови бизнис модели и решенија дискутираа:
Панелот имаше за цел да ја истакне важноста на финансиската поддршка за иновации во AI и да ги поврзе инвеститорите со стартапите во оваа динамична сфера. Во рамки на годишната конференција, паралелно се одвиваа и 1 на 1 разговори во рамки на MatchIn Summit-от во организација на Стартап Македонија.
МАСИТ упатува огромна благодарност до сите поддржувачи, спонзори и патрон партнери за нивната несебична посветеност и доверба. Благодарение на нивната поддршка, конференцијата достигна нови височини, овозможувајќи отворена размена на знаење, идеи и иновации. Нивниот придонес игра клучна улога во развојот на ИТ секторот и создава платформа за идни соработки и проекти од значење за целата заедница. МАСИТ со гордост го истакнува партнерството со овие визионери кои ја поттикнуваат дигиталната иднина.
Сите фотографии од првиот ден на годишната конференција на МАСИТ, може да ги најдете во албум на нашата фејзбук страница, на следниот линк.