Со огромно задоволство го објавуваме новото патрон партнерство меѓу МАСИТ и Божиновски часовници и накит – бренд кој веќе три децении претставува симбол на врвниот квалитет, елеганција и стил.
Божиновски, како бренд кој веќе 30 години поставува стандарди за луксуз и квалитет, ќе биде наш партнер во промовирањето на иновации, технологија и создавање платформи кои ќе ја инспирираат заедницата.
Нашето партнерство ќе отвори нови можности за иновативни активности, ексклузивни настани за вмрежување, нови иницијативи и уникатни можности за сите наши членови и партнери. Заедно, ќе создадеме мост меѓу традиционалната прецизност на времето и динамичната револуција што ја носат новите технологии.
Следете нè и натаму и бидете во тек со новостите поврзани со претстојните заеднички активности.