На 2ри мај 2023, во нашите канцеларии остваривме средба со Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Азир Алиу, кого го информиравме за проблемите и предизвиците на македонските софтверски компании кои работат исклучиво на домашен пазар.
Дополнително, разговаравме и за дигитализацијата на јавните услуги и администрацијата во нашата земја, бидејќи дигитализацијата е решението за зголемување на потенцијалот за раст на нашата економија.
На оваа средба се договоривме за целосно вклучување на МАСИТ преку своите компании членки, кои директно ќе учествуваат во работата на работните групи формирани од МИОА, а поврзани со ИТ технологиите и основање на новата Национална Aгенција за дигитализација.