26.08.2021

СТУДИСКА ПОСЕТА НА БИЗНИС ОРГАНИЗАЦИИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА ПОДДРЖАНА ОД ПРОЕКТОТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е4Е@мк

БЕЗ ПРИДОНЕС НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР НЕМА УСПЕШЕН МОДЕЛ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Во рамки на три дневна студиска посета на Берн, Тун и Цирих во Швајцарија, претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Советот на странски инвеститори при СКСМ и Асоцијацијата на метална и електро индустрија – МАМЕИ, реализираа работни посети на повеќе институции и бизнис организации и компании. Целта на посетата беше да се согледа улогата на приватниот сектор во Швајцарија во стручното образование и обука и придонесот во креирање стручен и компетентен кадар за потребите на бизнисот што се одразува на вкупната економија во државата.

Во таа насока во рамки на студиската посета реализирана во рамки на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“, првично беше реализирана средба во Швајцарскиот федерален универзитет за стручно образование и обука – SFUVET, експертска организација за стручно образование и обука, која ја подржа организацијата на студиската посета на македонската бизнис делегација.

Беше реализирана посета на компании од металниот и електро секторот, ИКТ индустријата, градежниот сектор и туризмот и угостителството, и асоцијации кои придонесуваат за поттикнување на образовни кадри во овие дејности, кои како и секаде во светот се едни од најдефицитарните. Истовремено се и носители во дефинирање на компетенциите потребни за професиите во рамки на секторите. Во периодот кој следи делегацијата ќе ги разгледува можностите за имплементација на дел од презентираните механизми во Швајцарија во нашата државата во средното стручно образование и обука.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит