9.10.2024

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД СКОПЈЕ – НОВ ПАТРОН ПАРТНЕР НА МАСИТ

Со голема чест Ви соопштуваме дека осигурителната компанија Триглав Осигурување Живот АД Скопје која е дел од водечката осигурително – финансиска групација во Југоисточна Европа – групацијата Триглав, е нов патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Во рамки на оваа соработка, Триглав Осигурување Живот АД Скопје ќе овозможи специјално дизајнирани пакети за менаџерско осигурување на живот наменети за компаниите членки на МАСИТ, со кои ќе овозможи зајакнување на припадноста на клучните кадри, со истовремена врвна осигурителна заштита и покритие.

Специјалните пакети за осигурување на Триглав Осигурување Живот АД Скопје наменети за членките на МАСИТ претставуваат одлична алатка за:

  • Зголемување на лојалноста и задоволството на клучните кадри на компаниите членки;
  • Стимулирање на лојалност преку интегрирање на полисите за осигурување како начин за наградување и задржување на квалитетните и компетентни човечки ресурси;
  • Дефинирање на различни пакети и поволности за различни позиции согласно хиерархија.

Препознатливоста на брендот Триглав зборува за високиот квалитет на осигурителните услуги кои повеќе од 120 години ги следат европските трендови, а сега се достапни да одговорат на потребите на компаниите члени на МАСИТ.  

Искористете ја ексклузивната можност да се запознаете со специјалните пакети за менаџерско осигурување на Триглав Осигурување Живот АД Скопје со посета на нивниот штанд на претстојната Годишна конференција на МАСИТ.

Од сега, во партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, ќе делуваме заедно на поттикнување на растот и развојот на ИКТ бизнис опкружувањето. Нашата цел е да овозможиме иновативни решенија и да ги унапредиме бенефициите на компаниите од овој динамичен сектор. Со споделување на знаења и ресурси, оваа соработка не само што ќе ги зајакне нашите компании, туку и ќе создаде нови можности за сите учесници во ИКТ екосистемот.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит