Во соработка со Прокредит Банка – патрон партнер на МАСИТ, организираме едукативна информативнапрезентација на тема: „Управувајте самостојно со вашите финансии“. Настанот е наменет за сите вработени во ИКТ компании кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како да носат најдобри одлуки за инвестиции, преку советите од експертите за банкарски услуги од Прокредит Банка.
Презентацијата ќе се одржи онлајн, во понеделник, 7ми март, 15:00 – 16:00 часот.
Слободно препратете ја оваа покана до оние лица за кои сметате дека истата ќе им биде од корист.
Сите заинтересирани ги замолуваме да ја пополнат следната форма за регистрација. Учеството на презентацијата е бесплатно.
Линкот за вклучување ќе биде пратен до сите регистрирани учесници, еден ден пред презентацијата.