Поддршка за дигитална трансформација во МСП

Поради огромното значење кое ИКТ индустријата ја има врз целокупната економија, а и значењето на дигиталната трансформација воопшто за развојот на целокупната економија, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, со цел дигиталната трансформација и развој на малите и средни претпријатија во рамки на овој проект ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка на потребите за дигитална трансформација, како и обезбедување на експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија. Проектот е поддржан од страна на Министерството за економија во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година а согласно Јавниот повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија за 2019 година.

Дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија е од големо значење не само за самите претпријатија туку и за развојот на економската, социјалната и општата состојба во државата. Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за малите и средни претпријатија, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со комплетирање на процесот на дигитална трансформација во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за малите и средни претпријатија кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите.

Во рамки на овој проект, МАСИТ ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка и ќе обезбеди експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија, во периодот од декември 2019-та година до Март 2020.

 

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

  • Општа цел на проектот: Да им се помогне на малите и средни компании кои имаат интерес и сакаат да воведат дигитална трансформација во своето работење да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација, како и да добијат експертска помош при креирање на стратегијата за дигитална трансформација.
  • Конкретна цел на проектот: Обезбедување на бесплатна онлајн алатка која ќе овозможи компаниите да направат само-проценка на нивото на дигитална трансформација на кое се наоѓаат во моментов, како и потенцијалот нивото на дигитална трансформација кое можат да го постигнат; и обезбедување на 20 ваучери за спроведување на експертска анализа со цел дефинирање на приоритетните области за дигитална трансформација на работењето на компанијата врз основа на кои компаниите ќе можат да креираат стратегија за дигитална трансформација.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит