Проект на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива

Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект поддржан од УСАИД чија имплементација започна во 2016 година. Проектот е наменет за поддршка на микро, мали и средни бизниси, со цел подобро прилагодување на своето работење во согласност со законските регулативи. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат.

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во партнерство со четирите стопански комори во Северна Македонија – Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) – ја спроведуваат програмата на проектот кој во следниот период ќе:

  • Им помогне на микро, малите и средни претпријатија да ја подобрат законска усогласеност преку организирање информативни сесии за промените во регулативатa;
  • Го поддржи поставувањето на Платформата за јавно-приватен дијалог помеѓу коморите и државата;
  • Обезбеди кофинансирање на услуги преку чија имплементација компаниите ќе ја зголемат усогласеноста со регулативата преку т.н. Ваучер шема;
  • Создаде единствен информативен и интерактивен интернет простор и ќе резултира со подобар проток на информации;
  • Го промовира Единствениот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) на настани организирани од страна на Проектот;
  • Организира форуми за овозможување дијалог со домашни и странски експерти во врска со актуелни бизнис теми;
  • Ги развива листите за проверка на усогласеноста со законската регулатива;
  • Развие различни интерактивни брошури и водичи;
  • Ги подобри капацитетите на коморите;
  • Изготвува годишна анализа на бизнис климата која ќе овозможи следење на успешноста на државните политики и евидентирање на пропустите во истите;
  • Го поддржи јавно – приватниот дијалог преку организирање работилници, фокус групи и работни групи со претставници од Проектот и претставници на релевантни државни институции;

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Повеќе информации можат да се најдат на www.biznisregulativa.mk .

Download file

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит