Втор циклус на проект за пре-квалификација на ИКТ кадри

На почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ започна да работи на втор циклус на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите.

Крајната цел на проектот, а по завршувањето и реализацијата на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на позиции поврзани со ИКТ сферата.

Програмата за преквалификација трае околу 3 месеци, започнувајќи во месец март 2019

Низ процесот на преквалификација слушателите се стекнаа со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, работеа на конкретен проект или студија на случај кој се надоградува од предмет во предмет, но и ги збогатија и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ги профилиравме да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.

Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на повеќе ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрана е програмата Front – End web Developer, со акцент на “react” технологија, како најпотребна и најатрактивна потреба во моментот.

 

УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 годининевработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ.

Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии.

За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување.

Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно беше спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука.

Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација беше специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ги следеше основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација.

 

ФАЗИ НА ПРОГРАМАТА

 

Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;

Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (англиски јазик, логика, основни компјутерски познавања);

Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;

Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;

Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) ;

Фаза 5:Спроведување на обуката (планирано е обуката да се одржува во попладневни термини и за време на викенд);

Фаза 6: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;

Фаза 7: Секој кандидат кој по завршувањето на обуката не успее да најде веднаш работа, после периодот од 01.06.2019 година, ќе му биде овозможена пракса во една од ИКТ компаниите во државата.

 

Донатор: УСАИД РЕГ;

Партнери: Бреинстер како реализатор на тренингот.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит