4.12.2020

Брошура: Како до дигитална трансформација (Декември, 2020)

Брошурата Како до дигитална трансформација е подготвена во рамките на проектот „Патека за дигитализација“, финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата, имплементиран од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија).

Целта на брошурата е да послужи како Водич за дигитална трансформација за почетници и за сите компании кои сакаат да стимулираат размислување за дигитална трансформација. Брошурата одговара на прашања како што се: како да се пристапи кон дигиталната трансформација, кои чекори треба да се преземат, кои алатки се достапни, кои се придобивките и за какви инвестиции станува збор, во лесен и сеопфатен формат.

Брошурата е достапна на линковите подолу:

Македонска верзија / English version

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит