Спроведувањето на Истражувањето за потребите на дигиталните вештини во земјата е една од првите активности на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина” финансиран од Британската Амбасада во Скопје а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Истражувањето беше спроведено со цел да се дефинираат клучните дигитални вештини кои им се потребни на приватниот и јавниот сектор за кои ќе се развиваат соодветни модули за обука понудени на младите понатаму во рамките на проектот.