Согласно податоците објавени на НБСтат (НБРСМ), во 2021 година извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги изнесувал 330.44 милиони евра, остварувајќи пораст од 37%во споредба со минатата 2020 година и претставува 19% од вкупниот извоз на услуги на државатa.
Реализиран е позитивен трговски биланс (суфицит) во износ од 214.00 милиони евра, од кои 96% се реализирани во под-групата Компјутерски услуги. Порастот на трговски биланс во однос на минатата 2020 година изнесува 37% за групата Телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги, при што извозот е пораснат за 37% а увозот за 36% во споредба со минатата година.
Сите информации од оваа анализа се превземени од статистичкиот портал на Народна банка на Република Северна Македонија – НБСТАТ