Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи” (2009)

Во периодот од Мај до Ноември 2009 година, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии работеше на изработка на Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи”. Изработката на овој документ беше поддржана од Проектот за деловно опкружување на УСАИД, преку ангажирање на консултант за истражување и изработка на студија со цел утврдување на конзистентни предлог-политики за широкопојасен интернет во Македонија.

Позицискиот документ е изработен според стандардите на МАСИТ за изработка и усвојување на позициски и стратегиски документи и преку него се декларираат ставовите на МАСИТ во поглед на развојот на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи,  а со цел истиот  активно да придонесе во насока на подобрување на технолошките и пазарни услови за простап до Интернет.

Позициски документ за Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит